Стечајот на ТЕ-ТО ја испразни и државната каса
Објавено во: Економија 21 Септември, 2018
Долга е листата на кои ТЕ-ТО им отанал должен во периодот кога е правен планот за реорганизација а во тој план до кој дојде Фактор стои дека заклучно со 1 март долгот на компанијата само кон Управата за јавни приходи (УЈП) изнесува над 16 милиони денари или над 260.000 евра.
Тие пари УЈП нема да ги наплати воопшто односно од нив ќе земе само десет отсто или само 1,6 милиони денари.
Водовод и канализација, МЕПСО, телекомуникациски компании, адвокати, нотари, осигурителни фирми се дел од компаниите кон кои има ТЕ-ТО долг а УЈП всушност е во доверителите кои се со необезбедени побарувања.
Кон сите нив, ТЕ-ТО должи речиси 170 милиони евра.