25 Април, 2024
0.0285

Ставрески: Ова се тешки времиња, банкарите треба да ги олабават кредитните услови!

Објавено во: Финансии 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

„Кризата сеуште трае. Генерално земјата е во рецесија и без економски раст нема да има раст и на кредитирањето“ - вака дел од банкарите за “Фактор“ го коментираат трендот на забавено кредитирање што беше регистриран во првиот месец од оваа година, кога салдото на вкупните кредити се зголеми за само 600 илјади евра во однос на декември.
“Ако економската активност не се зголеми, очекувано е дека нема да има пораст ниту кај кредитната активност. Оваа состојба ја одбележа целата 2012 та година. Индустриското производство 16 месеци е во континуиран пад и очекувано е дека состојбата ќе се прелее и во оваа 2013 та година“ - коментираат од Здружението на банкари.
Дека ризиците и неизвесноста сеуште ќе го кочат поагресивното кредитирање, покажа и најновата Анкета за кредитна активност што ја спроведе Народната Банка. Анкетата спроведена меѓу директорите на водечките банкрски групации покажала дека тие во првите три месеци од годинава не очекуваат промена на кредитните услови во однос на последниот квартал од 2012 та година, кога условите беа значајно заострени. Ова практично значи дека и во првиот кавртал од оваа година одобрувањето на кредитите ќе биде под силен филтер на банкарските процедури. Министерот за финасии ги повика банкарите да не ги заоструваат условите за кредитирање.
„Треба да настојуваме, и банките во вакви околности, да не ги влошуваат условите за граѓаните и за стопанството, бидејќи врeмињата се тешки за сите и секој треба да го понесе товарот во својот дел. Моите лични очекувања се дека нема да дојде до никакво влошување или заострување од страна на банките“ - изјави министерот Зоран Ставрески.
Во меѓувреме, не забавува само кредитирањето, туку и штедењето. Според најновите податоци на Народната Банка во првиот месец од годинава вкупната дпозитна база се намали за речси 2 милиони евра. Поголем пад е регистриран токму кај депозитите на населението, каде според податоците на НБРМ, за само еден месец има намалување од скоро 15 милиони евра.
“Намалувањето на депозитите во јануари може да се смета како циклична појава. Пред Нова Година имаше пораст и кај кредитирањето и кај штедењето. Но сепак, останува фактот дека земјата е во криза и дека логично е да се очекува не само намалување на кредитирањето, туку и на штедењето. Компаниите ги повлекуваа парите за редовно работење“ - објаснуваат од банкарското здружение.
Во јануари, вредноста на вкупните кредити изнесува 3,5 милијарди евра, додека депозитната база тежи 3,9 милијарди евра. Анета Додевска

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред