19 Април, 2024
0.0269

Ставрески на годишни средби на ЕБОР

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

 Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска и утре учествува на 22. Годишни средби на Европската банка за обнова и развој  кои годинава се одржуваат во Истанбул, Турција.

Темата на овогодинешните средби е „Со иновација до развој” и се однесува на приспособувањето на понудата на пазарите на турбулентните економски услови и градење на поголема конкурентност на економиите.

Вицепремиерот Ставрески, како што соопшти Министерството за финанции, во рамки на Годишните средби ќе има состаноци со првиот потпретседател на ЕБРД Фил Бенет, директорот на ЕБРД за Западен Балкан Клаудио Виецоли, директорот за транспорт на ЕБРД Сју Барет, како и Маса Бернучи - директор на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за Адријатскиот регион. Исто така, Ставрески ќе учествува на панелот „Поттикнување на развојот и покрај мерките за штедење”.

Годишните средби ќе ги отвори претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. На средбите учествуваат стотици државници и истакнати бизнисмени од целиот свет.

Македонија има соработка со Европската банка за обнова и развој на повеќе клучни капитални проекти како финансирање на изградбата на автопатот на Коридорот 10 Демир Капија – Смоквица, проектот за изградба на дел од железничката пруга на Коридорот 10, проектот за подобрување на регионалната и општинската патна мрежа, изградба на ХЕ Бошков Мост и други. Исто така, се предвидува ЕБОР да влезе во финансиската конструкција за изградба на гасоводната мрежа во Република Македонија, изградбата на железничката пруга на Коридорот 8, проектот за 400 кВ конекција на Македонија со Албанија Битола-Елбасан

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб