23 Април, 2024
0.0262

СТАТИСТИКА: Колку се сиромашни македонските граѓани?

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2012 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран  на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Во ова соопштение Државниот завод за статистика, исто така, ги објавува ревидираните податоци за Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2010 и 2011 година. Ревизијата е направена врз основа на имплементацијата на препораките од Евростат кои се однесуваат на калибрацијата на пондерите. Калибрација е техника за прилагодување на вредноста на пондерот за да се зголеми прецизноста на процената. Таа обезбедува начин  на комбинирање на податоците од Анкетата со информации од други извори. Во истражувањето за приходи  и услови за живеење податоците од процените на населението се земени како извор за калибрација на пондерите.

Според податоците, во 2012 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше  26.2%.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца  возрасни со две издржувани деца во 2012 година е 24.3%. Според најфреквентниот статус на економска  активност, стапката на сиромашни вработени лица е 11.1%, а Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во  распределбата на приходите) изнесува 38.8%.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска