19 Април, 2024
0.0268

Старо – нови правила: Под кои услови смее да се чува куче во Центар?

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Одлука на општина Центар со која се затегнаа правилата за чување кучиња по домовите, а со која за кучето да се чува во зграда ќе треба согласност од мнозинството станари, ја разбрануваа јавноста, ги збуни советниците. Одлуката за комунален ред во Центар е донесена на завчерашната седница и со неа , меѓу останатото, се уредува дека кучињата кои постојано лаат и завиваат ќе  мора да се отстранат од зградата, а ловџиските раси кои поминуваат низ оваа општина ќе мора да се чуваат на ланец. На ова реагираа од здруженијата за заштита на животните. Од Асоцијација на активисти за заштита на животните велат дека е апсурдно да се ограничува желбата и слободата на човекот да чува куче. „Како прво, треба да се утврди што точно значи прегласно лаење. Потоа, за да чуваш куче во стан, треба да се регулира според искуството од западните земји. Тоа значи дека секој треба да си одлучи каде ќе живее, ако сака да чува миленик, доколку законските регулативи во одредени квартови го забрануваат тоа. Апсурдно е да се ограничува желбата и слободата на човекот да чува миленик, а од друга страна во исти станбени објекти живеат луѓе кои ги кршат законските норми со пуштање на прегласна музика и слично“, велат од оваа организација. Од општина Центар пак посочуваат дека обврската да се обезбеди согласност од соседите за чување домашно милениче во станбен објект или во дворот на зградата е одамна донесена мерка и веќе се применува на територијата на Град Скопје. Одредбата е само дел од градскиот комунален ред и е усогласување со претходно донесените закони. „Одлуката на општинскиот совет значи усогласување на решенијата со Законот за Град Скопје, Законот за комунални дејности и Законот за локална самоуправа. Станува збор за правно усогласување. Решенијата, инаку, веќе одамна се применуваат на територијата на град Скопје“, соопштуваат од Општина Центар. Во меѓувреме се јави и либерално - демократската партија од каде најавуваат дека ќе покренат иницијатива за укинување на Законот за забрана за чување куче што лае и ги вознемирува соседите. Иницијативата била покрената од поранешниот потпретседател на партијата Емил Кирјас, а поддржана од сегашниот вице-претседател Нано Ружин, по што се очекува да ја спроведат советниците на ЛДП во Центар и град Скопје. Со Одлуката усвоена од општина Центар се предвидува кучињата да се шетаат со корпа на устата и подводник, изметот кој ќе го направат на јавна површина, сопственикот треба да го собере во кеса и слично. Се дозволува чување гулаби ако гулабарниците да се изградени по стандарди, а се забранува чување коњи, маски, магариња, свињи, овци, говеда и живина, како кокошки, гуски, мисирки,  пајки како и пчели на територијата на Центар.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга