СТАПКАТА НА ЗАРАЗЕНИ СЕ СИМНА ПОД 10 ОТСТО: Денеска се позитивни 9,4 проценти од тестираните
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020
Денеска се регистрирани 88 новозразени пациенти од коронавирусот, од направени 973 тестирања.
Ова говори дека значително се намалува бројот на новозаболени, во однос на претходните денови, кога бројките се движеа околу 200.
Денеска биле направени 937 тестирања.
Стапката на заразени денеска се симна под 10, и таа изнесува 9,4 проценти, или конкретно, 9,37 отсто.
Вчера, пак, таа стапка изнесуваше 13,7 отсто, што значи дека беше многу повисока од денеска.
Вчера беа направени 991 тестирања, а регистрирани беа 136 нови случаи на ковид-19.
Завчера, пак, стапката на заразеност била идентична, односно нешто пониска од вчера, и изнесувала 12,9 отсто.
Според здравствените параметри, стапката на заразени треба да изнесува околу 5 отсто или помалку, за да се смета дека состојбата со корона вирусот во земјата е под контрола.