СТАНА СВЕТСКИ ПОЗНАТ ОТКАКО СО РОГОВИ ВЛЕЗЕ ВО КАПИТОЛ - сега жали бидејќи е изигран и не беше помилуван од Трамп
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2021
Џејкоб Ченсли, познат како мажот со роговите и крзното кој стана познат во светот со неговиот влез во Капитол, изјавил дека бил изманипулиран и измамен од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Ченсли кој стана познат како “Шаманот на QAnon”, беше уапсен за време на минатонеделните нереди кои се случија во Капитол. Тој вели дека го молел Трамп да го помилува, но, на крајот тој бил изигран.
Неговиот адвокат Ал Воткинс, изјавил дека на Ченсли му е јасно дека погрешил и дека жали за стореното дело и дека се нашол во ситуација во која не смеел да си дозволи да се најде уште на почетокот.
“Ченсли многу жали, не само затоа што претседателот го измами, туку и затоа што
воопшто се доведе во позицијата да носи одлуки кои не требаше да ги донесе”,
изјавил Воткинс, пренесуваат дел од медиумите.