19 Април, 2024
0.0246

Стагнира вработеноста во хрватската индустрија

Објавено во: Балкан, Економија 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Вкупниот број на вработени во хрватската индустрија во август падна за 0,6 отсто во споредба со јули, а на годишна основа, во однос на август минатата година, падна 5.1 проценти, објави државиот завод за статистика на оваа земја. Според податоците вкупната продуктивност на трудот во индустријата во Хрватска во периодот од јануари до август во споредба со истиот период лани е намален за 1,2 отсто. Статистиката за вработени во индустријата во согласност со Националната класификација на дејности покажува дека бројот на вработени во производство во август во споредба со јули паднала за 0,7 проценти во рударството и вадење на камен, додека во областа на електрична енергија, гас , пареа и климатизација за 0,1 отсто. На годишна основа, во август во однос на август минатата година, бројот на вработени во преработувачката индустрија, кои во структурата на вкупниот број на вработени во индустријата имаат најголемо учество на 89,91 отсто,бележи пад со 5,2 проценти. Во производство на метали бројот на вработени во август во однос на август минатата година, е паднат колку што е 30,3 отсто во производството на рафинирани нафтени производи од 19,8 отсто и во производството на облека од 12,7 проценти.Сепак забележан е и раст на бројот на вработени, на пример во производство на мебел кој е зголемен за 1,4 отсто, производството на машини и опрема за 2,3 отсто, производството на основни фармацевтски производи и препарати од 4,7 проценти. Пад е забалежан и на бројот на вработени во рударството и годишниот раст е паднат на 5,3 отсто, а електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,5 отсто. Во периодот пак од јануари до август оваа година во споредба со истиот период минатата година, има најголем пад на продуктивноста во рударството и вадење на камен, 12,8 проценти. Додека снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во осум месеци од оваа година во споредба со истиот период минатата година падна за три отсто во производството, 0,2 проценти.  

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот