25 Април, 2024
0.0274

ССМ: 15 јули е неработен ден за сите работници

РАБОТОДАВАЧОТ Е ДОЛЖЕН ДА ПРИЈАВИ ВО ДИТ ДОКОЛКУ РАБОТИ И ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТ НА РАБОТНИКОТ КАКО ЗА РАБОТА ВО ПРАЗНИК И НЕРАБОТЕН ДЕН-

Објавено во: Економија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека 15 јули 2020 година, денот на парламентарните избори, од страна на Владата е прогласен за неработен ден за сите граѓани на целата територија на државата и истиот нема да се одработува. 

Согласно Уставот на државата секој граѓанин со наполнети 18 години се стекнува со избирачко право кое го остварува на слободни избори. 

„Член 148 од Законот за работните односи уредил дека работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за државните празници, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови.  Доколку производниот процес се одвива непрекинато, работодавачот е должен писмено да го извести подрачниот државен инспектор на труд. Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на тоа дека согласно член 24 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50% како и член 28, став 1, алинеа 5 „ Работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за - празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис“, стои во соопштението од ССМ. 

За сите работодавачи кои ќе го злоупотребат ова право на работниците, ССМ по  пријава од работниците, ќе бара тие работодавачи да бидат најстрого санкционирани ( казнети ) од страна на надлежните инспекциски служби.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?