28 Март, 2024
0.0356

СРПСКИ ВИРУСОЛОГ: Кинеската вакцина е најбезбедна, епидемијата ќе помине побрзо од она што мисли 99 отсто од населението

Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Српскиот вирусолог Миланко Шеклер изјави дека е потребно луѓето масовно да одговорат на повикот за вакцинација. 

„Имунизацијата е еден од најважните чекори во борбата против епидемијата со инфекцијата со која се бориме речиси една година. Вакцината е единствениот начин да се стават работите под контрола, односно да се стави крај на епидемијата и целосно да се контролира", рече Шеклер, пренесува српско Курир. 

Целта е да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе во најкус можен рок, а Шеклер објаснува зошто се важни роковите. 

 „Роковите се многу важни од едноставна причина што доколку вакцинацијата се растегне во подолг временски период, таа ќе започне да ја губи својата смисла. За да се создаде колективен имунитет, потребно е покрај оние луѓе кои ја прележаа болеста или беа асимптоматски и имаат одреден имунитет, да се вакцинираат и ранливите категории, односно најзагрозените, како што се здравствените работници, старите лица, делови од државниот систем, за да можат да се вакцинираат во најкус можен рок со цел да се спојат овие две работи и во еден момент двете групи да бидат над 85-90 проценти“, објасни Шеклер. 

Во тој момент, вели тој, вирусот повеќе нема да може ниту ќе има кого да заразува и може да исчезне. 

„Доколку вакцинацијата се развлече и трае една година, тогаш таа ќе започне да ги достигнува оние луѓе чиј имунитет исчезнал, и тие исто така ќе почнат да се инфицираат. Потоа влегуваме во маѓепсаниот круг. Затоа е потребно да се вакцинираат што поголем број на луѓе“, истакнува Шеклер. 

Тој истакна дека граѓаните во Србија можат да изберат која вакцина ќе ја примат и дека тоа е необична привилегија. 

„Обично европските земји имаат една или две вакцини, ние случајно имаме малку поголем избор и тоа е привилегија, затоа што во секој случај не се сите вакцини исти во однос на принципите и начините на правење и создавање на имунитет, и затоа, зависноп од луѓето кои треба да се вакцинираат, може да се избере подобра вакцина, побезбедна, поефикасна и да се избере во согласност со некои професионални принципи, а тоа е одлука на избраниот лекар“, рече Шеклер. 

Тој посочи дека кинеската вакцина не е меѓу најефикасните, но таа е меѓу најбезбедните вакцини. 

„Тоа е инактивирана или мртва вакцина. Ефикасна е во смисла дека 100 проценти гарантира дека нема да добиете сериозна клиничка слика, односно дека ќе ви биде загрозен животот. Еден процент од луѓето ќе можат да се заразат, но тоа ќе биде лесна клиничка слика, и еден мал процент од луѓето ќе можат да се заразат и да добијат умерена клиничка слика. Во секој случај, таа гарантира глава на рамена“, рече Шеклер.

Тој потенцираше дека не е можно генерално да се каже која вакцина да се избере, бидејќи сè зависи од тоа од што страда индивидуата, дали веќе била заразена или не, или дали е целосно здрава.

На прашањето дали го има новиот вид на вирус во Србија, Шеклер вели дека засега го немаат во примероците што доаѓале од луѓе кои се разболеле и дошле во Србија некаде пред католичкиот Божиќ.

„Ние организиравме и примивме примероци од оние патници кои дојдоа од цела Европа во тоа време. Тие се оние кои дојдоа и се разболеа. Досега не најдовме примероци што би припаѓале на таа категорија на мутиран вирус", додаде Шеклер.

Тој посочи дека нема никакво значење за самата епидемија, мерките и самите граѓани, туку подобро е да се следат кластерите.

„Тоа не влијае на ефективноста на вакцинацијата, единственото нешто што може да го вознемири здравствениот систем е тоа што побрзо се пренесува, така што повеќе луѓе ќе се инфицираат за пократок период, а потоа ќе добиеме одреден метеж. Инаку, клиничката слика е иста, нема посилна или поопасна форма, што е најважно“, вели Шеклер.

На прашањето кога ќе помине епидемијата, Шеклер вели: „Многу побрзо отколку што мислат 99 проценти од луѓето“.

фото и извор: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ПОТРАГАТА ПО ДАНКA ИЛИЌ (2) ПРОДОЛЖУВА: Се пребарува реката

ПОТРАГАТА ПО ДАНКA ИЛИЌ (2) ПРОДОЛЖУВА: Се пребарува реката