29 Март, 2020
0.0343

СРЕЌНИ ПРОГРАМЕРИ - за еден месец платата им пораснала за пет илјади денари, сега земаат над 96 илјади

Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2020

На програмерите платата за само еден месец платата им пораснала за 4.469 илјади денари. Односно, во декември годинава тие земале плата од 96.332 денари, што е многу повеќе од 91.863 денари, колку што во ноември годинава земале во дејноста комјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. 

Комјутерџиите се убедливо со највисока плата во земјава. 

Огромни плати од 70.162 денари земаат и во воздухопловниот транспорт, односно контролорите на летање.

Плата од 69.911 денари земаат во просек вработените во дејноста производство на основни фармацевстки производи. 

Во финансиски и услужни дејности земаат по 65.885 денари, а во телекомуникацисискиот бизнис просечната плата е 62.066 денари.  

Инаку, просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 4,1 отсто, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање за 12,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 12 отсто и градежништво  за 11,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности за 9,3 отсто, информации и комуникации за 8,4 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна  за 6,8 отсто. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 39 932 денари.

Можеби ќе ве интересира

Народна банка: Не шпекулирајте со денарот, ќе се одрази негативно на економијата

Народна банка: Не шпекулирајте со денарот, ќе се одрази негативно на економијата

Македонска берза и КХВ: Тоа што ќе нема акционерски собранија ќе влијае на пазарот

Македонска берза и КХВ: Тоа што ќе нема акционерски собранија ќе влијае на пазарот

РАФАЈЛОВСКИ ЗА ФАКТОР: Требаат минимум две милијарди евра за да излеземе од кризата

РАФАЈЛОВСКИ ЗА ФАКТОР: Требаат минимум две милијарди евра за да излеземе од кризата

АКО ДОСЕГА СИ ДОЛЖЕА, СЕГА УШТЕ ПОВЕЌЕ - фирмите не плаќаат, а сакаат да им се плати

АКО ДОСЕГА СИ ДОЛЖЕА, СЕГА УШТЕ ПОВЕЌЕ - фирмите не плаќаат, а сакаат да им се плати

ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ ВО БАНКИТЕ СЕ СИГУРНИ - но внимавајте на кешот, опасен е, велат од НБМ

ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ ВО БАНКИТЕ СЕ СИГУРНИ - но внимавајте на кешот, опасен е, велат од НБМ

НЛБ БАНКА ПРВА ЈА ПОСЛУША НБМ - нема дивиденди, парите одат во нераспоредена добивка и заработувачка за инвестиции

НЛБ БАНКА ПРВА ЈА ПОСЛУША НБМ - нема дивиденди, парите одат во нераспоредена добивка и заработувачка за инвестиции

БАНКИТЕ НА ПОТЕГ - ОДЛОЖУВАЊЕ, ПРОЛОНГИРАЊЕ НА ИСПЛАТАТА И ПОНИСКА КАМАТА - тие ќе понудат, клиентите да кажат дали прифаќаат

БАНКИТЕ НА ПОТЕГ - ОДЛОЖУВАЊЕ, ПРОЛОНГИРАЊЕ НА ИСПЛАТАТА И ПОНИСКА КАМАТА - тие ќе понудат, клиентите да кажат дали прифаќаат

БАНКАРИТЕ НЕ СЕ ПРЕЦИЗНИ ДАЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД ДИВИДЕНДИТЕ - велат, секогаш се грижиме за стабилноста

БАНКАРИТЕ НЕ СЕ ПРЕЦИЗНИ ДАЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД ДИВИДЕНДИТЕ - велат, секогаш се грижиме за стабилноста

ПРВА АКЦИОНЕРСКА ЖРТВА НА КОРОНАКРИЗАТА - се преполови дивидендата на „Тетекс“

ПРВА АКЦИОНЕРСКА ЖРТВА НА КОРОНАКРИЗАТА - се преполови дивидендата на „Тетекс“