СРЕДБАТА СО ДЕВОЈКАТА ЗНАЧЕШЕ И ОСТАВКА: Главниот британски епидимиолог заминува
Објавено во: Свет 06 Мај, 2020
Се сретнал со девојката и тоа го чинеше загуба на работното место - советникот на британската влада, епидемиологот Нил Фергусон, поднесе оставка. Веста беше пренесена во британските медиуми како вест број еден затоа што професорот Фергусон самит беше позитивен на Ковид-19, а ги прекрши правилата за изолација.
Инаку Фергусон прв го советуваше Џонсон да воведе карантински мерки и дополнително беше за кампања граѓаните да останат дома.
Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјален колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.
„Прифаќам дека направив грешка во проценката и оти не сум во право. Затоа си поднесов оставка. Се однесував така, убеден дека сум здрав и имам имунитет. Откако се тестирав позитивно за вирусот, бев целосно изолиран скоро две недели, рече Фергусон.