24 Април, 2024
0.0278

СРЕДБА ЗАЕВ - ГАШИ: Ќе договорат ли колку министерски места значи влезот во владеачката коалиција

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска треба да се одржи нова средба на лидерите на СДСМ и Алтернатива. Додека не се избере нов лидер на владеачката партија преговорите ги води Зоран Заев кој секако преговара и како премиер на Владата. Ова е втора средба меѓу него и Африм Гаши од Алтернатива на која се договараат детали околу евентуалното учество на оваа партија во Владата. 

Според некои нефоицијални информации Алтернатива бара две министерски, три заменички министерски и едно вицепремиерско место но и неколку стотици други вработувања во пониските ешалони на власта.

Извори за ТВ 24 неофицијално информираат дека министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство или образование. Официјално од партијата се без потврда за ова.

Вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека владеачката коалиција има парламентарно мнозинство но не соопшти кој е 61 пратеник. Тој додаде дека преговорите за парламентарното мнозинство ги води лично премиерот Зоран Заев и дека тој ќе извести до каде е процесот.

Заев во текот на денот пак рече дека оставката од премиерската функција ќе се случи по исходот од преговорите со Алтернатива и преговорите со Бугарија.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија, изјави за Телма премиерот Зоран Заев.

„Една од најзначајните причини поради кои алтернатива  би влегла во Влада е да обебзеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговори со ЕУ, вели Заев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП