Србите се надеваат дека во септември ќе летуваат во Грција, а Грците воведоа нови мерки
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Август, 2020
Многу Срби се надеваат дека кога ќе се среди вториот бран на коронавирусот, дека ќе можат да летуваат на некоја од омилените грчки плажи.
Се надеваат дека Грците ќе ги отворат границите за нивните туристи, со или без тест.
Но,белградски Блиц, пишува дека Грците не само што нема да попуштат, туку и воведоа нови построги мерки кои стапуваат на сила.
Причината е јасна. Во последната недела се случи „експлозија“ на коронавирусот, како меѓу локалното население, така и меѓу туристите кои дошле во Грција.
Од 17 август задолжителен е негативен тест за оние кои ќе допатуваат од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија.
Тест кој не е постар од 72 часа е потребен и за оние кои по копнен пат ќе стигнат во Грција.
Тестовите мора да се направат во земјите од каде доаѓаат, а не во Грција.
Но, се забрануваат и јавни настани, концерти каде гостите стојат, а кафулињата на повеќе локации нема да работат по полноќ од 11 до 23 август.