СРБИТЕ ЌЕ КАЗНУВААТ: Рестораните и кафулињата се затвораат
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 02 Јули, 2020
Не го затвораме цел Белград, само ноќните клубови и рестораните од 23 до 6 часот наутро, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Од понеделник ќе почнат со казни за оние кои не носат маски во јавниот градски и меѓуградски превоз, и во трговските центри. Казните ќе се движат околу 5.000 или 6.000 динари.
„Белград е најголем проблем, 82,5 отсто од заразените се во престолнината. Сите останати места се под контрола, што е помалку или повеќе очекувано и вообичаено, рече вечерва претседателот на Србија Александар Вучиќ во гостувањето на РТС, по состанокот на Кризниот штаб за борба против коронавирусот.
Тој разговарал со д-р Предраг Кон, а вчера со Кисиќ Тепавчевиќ и д-р Стевановиќ.
„Владата утре ќе донесе одредени мерки. На две недели ќе ги затвориме ноќните клубови, тие нема да работат од 23 до 6 часот наутро. Истото тоа ќе важи и за кафулињата. Студенските домови ќе ги затвориме“, рече Вучиќ.
Во Србија за едно деноноќие се тестирани 9.013 лица, од кои 359 се позитивни, а починати се шест пациенти.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот Батут, на респиратори се 81 лице, а 1.996 се активни случаи на заболени од коронавирус.
15,195 дијагностицирани има досега, а починаа 287 луѓе.