28 Март, 2024
0.0238

СРБИТЕ ИЗДАДОА ЕВРООБВРЗНИЦИ ОД 1,75 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - се пофалија со огромен интерес, побарувачката била шест пати поголема од понудата

Објавено во: Финансии 20 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Србија вчера, ксако што јавуваат српските медиуми, издала еврообврзници деноминирани во долари, со рок на доспевање од пет и 10 години, при што се собрани 1,75 милијарди долари.

Од српското министерство за финансии соопштиле дека има најголем интерес на инвеститорите за српските обврзници во историјата.

Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали оцени дека Србија постигнала огромен успех, бидејќи инвеститорите покажале голем интерес за купување српски државни хартии од вредност, а побарувачката е дури шест пати поголема од понудата.

Вкупната побарувачка на инвеститорите изнесувала 11 милијарди долари и била шест пати поголема од понудата. 

„Ова е голем успех за нашата земја и за сите граѓани на Србија и потврда за економските резултати што ги постигнавме во претходниот период“, рече тој.

Мали додаде дека се покажало дека инвеститорите се уште имаат голема доверба во Србија и во нејзината економска иднина и дека за нејзините хартии од вредност интерес покажале повеќе од 500 угледни инвеститори од целиот свет.

Министерот Мали истакна дека ова е најголема побарувачка откако Србија издава обврзници на меѓународниот пазар.

По презентирањето на макроекономските резултати на Србија пред меѓународната инвестициска јавност во претходните неколку дена, денеска започна собирањето понуди за нова емисија на обврзници во вредност од 1,75 милијарди долари, во две транши за период од пет и 10 години.

Во текот на процесот на емисија, поради големата побарувачка, Министерството за финансии успеа да го намали приносот во однос на првичната понуда.

Издадени се нови обврзници со рок на доспевање од пет години во износ од 750 милиони долари по купонска стапка од 6,25 отсто и конечна каматна стапка во евра, која по реализацијата на хеџинг трансакцијата е шестмесечен Еурибор зголемен за 2,9 Издадени се обврзници со рок на доспевање од 10 години во износ од една милијарда долари по купонска стапка од 6,50 отсто, а крајната каматна стапка во евра, која изнесува шестмесечниот Еурибор е зголемена за 3,1 отсто.

Министерот Мали посочи и дека Србија постигнала одлична каматна стапка, особено ако се има предвид дека таа земја на пазарот на капитал помина слично како Унгарија, која е членка на Европската унија и има инвестициски рејтинг, а подобра од Романија, која исто така има инвестициски рејтинг и е членка на ЕУ.

Како што рече, во Бугарија, Романија и Хрватска приносите на обврзниците се зголемени во изминатиот период, поради светската економска криза како и конфликтот во Украина, дури 12, четири и пет пати.

- Со оглед на тоа што се очекува натамошен раст на стапките на принос на меѓународниот пазар, Србија одлучи и беше подготвена да ги искористи моментално најповолните услови на пазарот, со цел да ги собере потребните средства за натамошна финансиска стабилност и натамошен раст на економијата, и подготвени да ја пречекаат оваа година. Водејќи се од најдобрата меѓународна практика на активно управување со јавниот долг, Министерството за финансии склучи трансакција за размена на валути, со која обврските врз основа на издадени обврзници се претвораат во евра по значително пониска крајна каматна стапка - изјави вицепремиерот на Србија Синиша Мали.

Извор: Тањуг, Блиц бизнис.рс

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“