Србин додека чекал образец од македонскиот ПИОМ станал социјален случај
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2019
Србинот Зоран Јакимовиќ со месеци чекал образец од македонскиот Фонд за пензиско осигурување дека има 10 години работен стаж во Македонија, па во меѓувреме од толку долго чекање на потврдата морал да стане социјален случај наместо пензионер, објави Радио телевизија Србија, која му помага во овој случај.
Зоран Јакимовиќ има право на пензија, но едвај преживува од социјална помош. Тој работел во Македонија околу десетина години, но ниту тој ниту српскиот пензиски фонд во Србија со години не можеле да ги добијат потребните документи од Скопје.
Toj живее во солидарна трошна куќа во селото Црепаја каде што се подготвува да ја помине зимата таму. Зоран има двојно државјанство - српско и македонско.Живеел во Скопје петнаесет години и работел тука скоро една деценија.
Кога неговата сопруга и ќерка загинале во сообраќајна несреќа, тој се вратил во Белград. Повторно нашол работа во Србија, но се повредил на работа и едвај преживеал.
Денес, тој има 65 години и има право на пензија, но не ја добива затоа што повеќе од една година скопскиот пензиски фонд не доставува формулар за неговиот стаж. Без тој документ, Зоран нема право да замине во пензија.
„Она што се случува со мене е кршење на меѓународниот договор на двете земји. Јас имам стаж а живеам од социјална помош од 10.200 динари. Не можам да купам лекови, а камоли нешто повеќе“, вели Зоран, кој го чека документот од 11 април 2018.
Од ПИО Панчево, десет пати испратиле барање до Фондот во Скопје да им го достават образецот МК-СРБ 205. Исто толку пати се обратил и самиот Јакимовиќ. Тој исто така и напишал на Амбасадата, на Владата на Северна Македонија.