СРБИЈА САМО ШТО ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД 200 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИРАНИ - Вучиќ се подготвува за производство кај нив, а збеснал од тоа колку е скапа кинеската вакцина
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2021
Србија само што ја надмина бројката од 200 000 вакцинирани, дознава Блиц.рс.
Како што изјави денеска претседателот Александар Вучиќ, редиците се големи затоа што луѓето сакаат да се вакцинираат.
„Очекуваме 50.000 луѓе да бидат вакцинирани денес. Ние сме деветти во светот, но мислам дека можеме да бидеме петти или шести во следните два или три дена. Имавме мудра политика“, рече српскиот претседател.
Тој нагласи дека досега Србија обезбедила 1.150.000 вакцини, ниту една од програмата Ковакс.
„Сега треба да ја развиваме нашата инфраструктура, ќе се обидеме да изградиме фабрика за производство на вакцини“, најави претседателот Вучиќ.
„Имавме непроспиени ноќи, разговори со светските лидери. Многу земји во регионот немаат вакцина. Во моментов, само малата Малта е пред нас во Европа според бројот на вакцинирани на 100.000 жители“, изјави Вучиќ. Тој истакна дека кинеските вакцини се екстремно скапи. „Одамна прочитав дека кинеската вакцина е најдобра и се обидов да дојдам до неа. Ме разбесни, бев толку лут кога ги видов барањата за набавка. Некои западни земји нарачаа и повеќе вакцини отколку што имаат граѓани“, рече Вучиќ.