25 Април, 2024
0.0459

СРБИЈА НАРАЧАЛА ДВА СКАПИ ЛЕКА ПРОТИВ КОРОНАТА - една пилула чини над илјада евра, но го собира и го отстранува вирусот од телото

Објавено во: Балкан 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

По вчерашната седница на Советот за безбедност, претседателот на Србија Александар Вучиќ, зборуваше и за состојбата со коронавирусот, вакцинацијата, но и за лековите кои неговата држава го набавила, за, како што реше, да се спасуваат животи на луѓето, а кои биле премногу скапи.

Тој вели дека смета дека земјата е блису до подобрување на состојбата, но треба да се почека уште два дена, да се види како ќе се зарамнува кривата на короната. 

„Ние не сме медицински експерти, но научивме да читаме бројки. За нас е особено важно да ги спасиме животите на луѓето, но вакцинацијата исто така го одредува нашиот економски живот. Точно е дека од корона умираат и луѓе под 50 години, но во 95 отсто од случаите умираат лица постари од 57-58 години. Досега набавивме 2.620.000 вакцини. Затоа барам од најстарите да бидат вакцинирани“, рече Вучиќ.

Нагласи дека ќе оди да се вакцинира тој лично во оние места каде што луѓето најмалку се вакцинираат, со цел да им даде пример дека треб да се вакцинираат. 

„Имаме најмногу вакцинирани во најбогатите области, а најмалку во сиромашните“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека Република Србија досега нарачала 14.832.200 вакцини.

Според српскиот претседател, постои грозоморна кампања против вакцината АстраЗенека. 

„Доаѓаат луѓе кои аплицирале за која било друга вакцина, но не сакаат да примаат АстраЗенека, тие бараат друга вакцина. Тоа е одлична вакцина, Оксфорд, 70 проценти од Англија е вакцинирана со неа. Ако ми кажете дека Англија е неразвиена земја ... Фактот дека ревакцинацијата оди по 12 недели не значи дека вакцината е послаба, напротив, таа е посилна. АстраЗенека реагира многу побрзо отколку на пример кинеската вакцина“, изјави Вучиќ.

Таа земја нарачала и два лека против короната.

„Нарачавме два лека, едниот пристигнува на почетокот на април, а другиот на почетокот на мај. Тие се страшно скапи лекови, едната пилула чини повеќе од илјада евра. Таа пилула го собира вирусот и го отстранува од телото. Такви лекови од европските земји нарачале само Германија, Чешка и Унгарија. Тоа дополнително ќе ги спаси животите на луѓето“, рече Вучуќ.

Нагласи дека земјата потрошила милијарди евра поради короната. 

„Ве молам, помогнете си да и помогнете на вашата земја. Не слушајте луѓе кои знаат само да уништат", додаде Вучиќ.

извор: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци