Србија бележи над 3.000 заразени дневно, можно е заострување на мерките
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Февруари, 2021
Србија бележи повеќе од 3.000 заразени од коронавирусот на дневно ниво.
Во последните 24 часа во земјата се потврдени 3.257 случаи на зараза со коронавирус, а починаа уште 15 пациенти. На респиратор се 157 пациенти, а 3.727 се лекуваат во болница. Тестирани се 15.000 лица. Од почетокот на епидемијата во Србија заразени се 442.857 лица, од кои починаа 4.366. За утре е закажана седница на Кризниот штаб, а на неа ќе се разгледува моменталната сосотјба во земјата, а има сценарија и за заострување на мерките.
foto freepik