10 Декември, 2019
0.0153

Спојувањето на банките ќе ја подобри ефикасноста, смета ММФ

Објавено во: Финансии 18 Ноември, 2019

Монетарната политика е соодветно поставена. Банкарскиот систем е здрав, но требаат додатни напори за ублажување на кредитниот ризик, а треба да се зголемат и депозитите во денари. 

Ова меѓу другото, стои и во најновиот извештај на ММФ за земјава, кој следува откако монетарниот тим престојуваше во земјава и имаше средби со политичарите во земјава. 

Од ММФ со пофалба и за двете тековни спојувања на банките, за кои велат дека ќе ја подобрат ефикасноста на банкарскиот систем.

„Поставеноста на монетарната политика останува соодветна. Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) соодветно ги искористи поволните услови за да акумулира девизни резерви во рамки на стратегијата на де-факто фиксен девизен курс. Иако показателите за покриеноста со девизни резерви во голема мера се адекватни, тие треба да продолжат да градат простор за заштита од евентуални шокови. Перспективно, ако дојде до влошување на надворешното окружување, Народната банка треба да бјтде подготвена за затегање на монетарната политика“, наведуваат од ММФ во своите заклучоци.

Банкарскиот систем е здрав, но потребни се напори за дополнително ублажување на кредитниот ризик. Банкарскиот систем е добро капитализиран и ликвиден, напишале од Фондот во заклучоците. 

„Двете тековни спојувања и преземања на банки ќе помогнат во консолидирањето на системот и во подобрувањето на ефикасноста. Преземањето чекори за дополнително золемување на депозитите во денари, во комбинација со внимателно калибрирани мерки за намалување на кредитите на домаќинствата во девизи, ако е потребно, ќе помогне во зајакнувањето на отпорноста на финансискиот систем. Имајки го предвјтд континуираниот висок раст на кредити за домаќинствата, потребно е внимателно следење, како и прибирање на грануларни податоци за домаќинствата“, стои во наводите на ММФ.

Дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност останува приоритет. 

„Согласно препораките од Програмата за оцена на финансискиот сектор од 2018 година, властите започнаа да ја зајакнуваат супервизорската и регулаторна рамка, вклучително и со зајакнување на обврските за известување на банките за ликвидносниот ризик и со зголемување на интензитетот на супервизијата за домашните банки кои се системски важни. Во подготовка е законска регулатива за зајакнување на макопрудентниот мандат на НБРСМ, како и подобра идентификација на системскиот ризик. Потребен е дополнителен напредок во однос на мрежата за финансиска безбедност, со воведување на сеопфатна рамка за решавање на банки и зајакнување на шемата за осигурување на депозитите“, нагласуваат од Фондот.

А во најновите заклучоци на ММФ, стигнаа и првите критики до Владата од Фондот, иако искажани во дипломатски манир. 

Напуштањето на прогресиовниот данок и зголемувањето на платите во администрацијата и на пензиите, што се планира од идната година би можеле да ги поткопаат неодамнешните придобивки што беа направени во делот на фискалните политики, сметаат од ММФ. 

Забелешки има и за зголемувањето на минималната плата, од ММФ велат нема значајно да ја намали сиромаштијата, бидејќи таа е кај невработените, а може да го намали формалнотои вработување. За мерката МојДДВ се вели дека ќе ги зголеми трошоците.

„Властите се согласија оваа изјава да биде објавена. Ставовите изразени во оваа изјава се ставови на тимот на ММФ и тие не секогаш ги претставуваат ставовите на Извршниот одбор на ММФ. Врз основа на првичните наоди од оваа мисија, тимот на ММФ ќе изготви извештај кој откако ќе биде одобрен од страна на менаџментот, ќе биде презентиран до Извршниот одбор на ММФ за дискусија и одлучување“, нагласуваат од Мисијата на ММФ.

( Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

Ампева за регресот: Газдите возат џипови, но пријавуваат загуби за да исплатат минимален К15

Ампева за регресот: Газдите возат џипови, но пријавуваат загуби за да исплатат минимален К15

КАКО ЌЕ СЕ ПОКАЖАТ ДОМАШНИТЕ ГАЗДИ - ќе дадат минимален или максимален К 15

КАКО ЌЕ СЕ ПОКАЖАТ ДОМАШНИТЕ ГАЗДИ - ќе дадат минимален или максимален К 15

ММФ останува без клиенти?

ММФ останува без клиенти?

Аргир: Наградата за најдобра банка ја посветувам на Љубе Раевски

Аргир: Наградата за најдобра банка ја посветувам на Љубе Раевски

Ќе се намалат 12 од 30 царински стапки што ги бараа странските инвеститори

Ќе се намалат 12 од 30 царински стапки што ги бараа странските инвеститори

Плата од 500 евра газдата го чини 750 - давачките превисоки за малите фирми

Плата од 500 евра газдата го чини 750 - давачките превисоки за малите фирми

50.000 ЕВРА - толку ќе тежат двете главни премии од МојДДВ #МојаНаграда

50.000 ЕВРА - толку ќе тежат двете главни премии од МојДДВ #МојаНаграда

Анти-коцкање со отворено писмо до Заев: Рековте дека нема повеќе да издавате лиценци

Анти-коцкање со отворено писмо до Заев: Рековте дека нема повеќе да издавате лиценци