СПЦ ЈА ЈА БЛАГОСЛОВУВА И ОДОБРУВА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА: Патријархот Порфириј објави по Божествената литургија
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2022
– Благодарение на
вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште
една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква
едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска
архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува
афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.
Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.
– Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј.
Српскиот патријарх Порфириј од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на Српската православна црква (СПЦ) ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
ФОТО: МИАМожеби ќе ве интересира
И хирургот Камнар денеска оди на протест: Сите вечерва да кажеме стоп

Заврши комисиската расправа во Собранието, вработените во јавниот сектор не добија зголемување од 2.806 денари

Маричиќ: Една година за внесувањето на трите етнички заедници во Уставот

Данела Арсовска ги повика скопјани да го отфрлат предлогот

Ѓорѓе Иванов го отфрли францускиот прелдог: Не се преговара за правата и достоинството

Поранешна пратеничка на СДСМ најави присуство на денешниот протест пред Влада

Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог

Бујар Османи: Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, важно ЕУ тоа не го прифаќа
