СПАСОВСКИ ОСТАНУВА МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ - лага е дека депонирал оставка, тврдат од МВР
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2021
Лага е дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднел оставка во Владата од министерската позиција.
Ова е кусиот одговор кој Фактор го доби од Министерството за внатрешни работи, откако се појавија шпекулации дека наводно денеска министерот Спасовски ќе ја образложи својата оставка, како и шпекулации дека тој веќе ја депонирал својата оставка, како и дека неа ќе ја разгледува Владата.
Како што пишувавме, се појавија такви шпекулации, за што Фактор уште вчера постави прашање во МВР.
„Лага“, е кусиот одговор кој го добивме од полицијата.
Инаку, целата јавност во земјава е потресена од бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, пред да ја слушне пресудата за случајот Таргет Тврдина.
Премиерот Заев денеска ги собрал надлежните и барал или Мијалков да се фати, или да летаат оставки.