24 Април, 2024
0.0269

Спасовски: Нови мерки на ограничувања ако не се почитуваат сегашните

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, на вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека евентуално нови мерки на ограничувања против епидемијата од корона вирусот зависат од самата дисциплина на граѓаните.

„Ќе има нови ограничувања ако не се почитуваат мерките. Само ако сме заедно и се спротивставиме на најголемиот и невидлив непријател на нашата држава“ рече Спасовски во телевизиското гостување.

Генерално, за проблемот со непочитувањето на забраните за движење за време на викендите од 16.00 до 05.00 часот тој рече дека со МВР е веќе разговарано за приведувања во полициските станици и пишување кривични пријави.

Според Спасовски, врвен приоритет на Владата е здравјето и животот на граѓаните и затоа голем дел од ресурсите се насочени кон заштита на луѓето и намалување на ризикот од ширење на вирусот.

„ На тој начин да бидеме поефикасни во делот на економијата, бидејќи колку побрзо ќе се стави под контрола, толку подобро ќе биде и за делот на економијата, изјави вечерва Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција