24 Април, 2024
0.0275

СПАСОВСКИ МНОГУ ПОМЕК ОД НИКОЛОВСКИ - тивко го спомна новото мнозинство, но не отстапува од законот за ЈО

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека мора прво да се донесат законите што се важни за државата, како што е законот за јавно обвинителество, па потоа да се оди на избори.

Доколку дојде до опструкции од нивниот коалиционен партнер, не е исклучено формирање на ново парламентарно мнозинство. 

Сепак, Спасовски денеска употреби многу помек речник кон нивните коалициони партнери ДУИ, во споредба со неговите сопартијци, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, како и пратениците Александар Кирацоски и Мухамед Зекири. 

Љупчо Николовски вчера на ФБ напиша дека е можно формирање на ново парламентарно мнозинство и одење на редовни избори, а Мухамед Зекири обвини дека ДУИ и ВМРО ДПМНЕ ја обновиле, како што вели криминалната коалиција.

Директно прашан дали ќе се оди на избори на 12 април, Спасовски рече дека мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за оваа држава, и после тоа да одиме на изброи.

„Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија од првиот момент до денес. Така што, сите овие законски решенија, пред се законот за јавно обвинителство кој треба да даде позитивни аргументи пред ЕУ, треба да биде приоритет на сите партии и на секој пратеник. Ако иднината на оваа држава не е приоритет, што е тогаш, дали се политички или лични интереси“, праша премиерот.

Прашан какви се релациите со ДУИ, тој рече дека со нив имаат коректни релации.  

„Јас очекувам дека така како што ја почнавме коалицијата, така и ќе ја завршиме и во однос на овие законои, и во однос на законот за ЈО очекувам дека нема да има дополнително неразбирливо одложување, постојано и на седници и на дебата, и тие закони да се финализираат и да одиме на избори“, рече Спасовски.

Со кого би правеле ново парламентарно мнозинство?

„Сега разговараме за носење на законите и завршување на договорот кој го имавме за распишување на изборите. Тоа е наш приоритет и тука сме насочени. Ако дојде до тоа ова да се опструира, тогаш ќе седнеме, ќе разговараме и ќе видиме кои ќе бидат следните чекори“, рече Спасовски. 

Прашан дали има условувања од ДУИ, рече дека законот е усогласен заеднички на Влада, а зошто има тензии во Собранието, Спасовски вели „кога доаѓаат избори секогаш има тензии и мислат дека преку тензии ќе добијат повеќе политички поени, не мислеи дека така повеќе ги разочаруваат граѓаните“.

Спасовски вели дека не рекол денеска ништо различно од Николовски, се уште е убеден дека договореното ќе се реализира. Значи, распуштање на собранието ќе има кога ќе се донесе законот за Јо и другите важни закони. А за лидерска средба вели дека прво треба да се види дали и кога ќе се организира, па потоа ќе се одлучи. 

За Мизрахи Спасовски рече дека денеска точката е на дневен ред во 15 часот и тој повтори дека очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ, да се избере нов министер и да продолжи понатаму изборниот процес. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП