23 Април, 2024
0.0320

Спасовски: Голем број на дрвокрадци од ромска националност напаѓале со дрва и камења по полицајците

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, рече дека дрвократците биле во голем број и мавале со дрва и камења и со се друго што имале во рака по петмината полицајци кои синоќа беа нападнати кај велешкото село Степанци

Двајца од полицајците биле тешко повредени, од кои едниот бил посетен од Спасовски и имал фрактура на черепот, на коските од лицето и подлактицата, но бил во контактибилна состојба, рече Спасовски. Тој потврди дека се работи за голем број на дрвократци од ромска националност кои живееле во Прилеп и околината.

- Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело. Имаме приведени 4 лица. Идентификувавме уште 10-мина. Продолжуваме со претреси и дополнителни активности. Овие лица кои удрија врз полицајците ќе одговараат. Очекувам и реакција од Обвинителството, рече Спасовски.

Министерот се пожали на се позачестени напади на полициски службеници и дека кога ја проверил статистиката констатирал дека никој до сега не бил притворен или брзо санкциониран за напад на полицаец.

. Тоа се должи на се поголемото присуство на терен на полицијата и јасната порака дека влегуваме во пресметка со криминалците, смета Спасовски.

За случајот во Битола, од каде има видео со брутално тепање на Ром, Спасовски информира дека полицаецот П.Г. се стекнал со пријава и против него е поведена постапка за дисциплинска одговорност и суспензија од работното место. Суспендиран е и вториот полицаец со иницијали К.Г. кој пак не превземал никаква постапка да го спречи другиот службеник.

- Ниту еден ваков чин не може да се оправда. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полициски службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните, истакна Спасовски.

Напомена дека нападот не бил по етничка основа и дека полицајците ги злоупотребиле овластувањата

Можеби ќе ве интересира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза