29 Март, 2024
0.0274

Спасовски: Додека бев министер за внатрешни немаше проблем со пасошите, Чулев сам нека го реши проблемот

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска пред медиумите рече дека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев треба сам да си го реши проблемот со пасошите, кои во моментов се издаваат само на итни случаи поради немање на доволен број на обрасци.

Постапката за јавна набавка, односно нарачката на личните документи со новото уставно име е во тек. МВР и германскиот оператор Веридос работат на дефинирање на конечниот изглед, но во меѓувреме нема обрасци за тековните барања. Во моментов се дефинира конечниот изглед на исправите и допрва треба да се уреди во подзаконски акт, а дури на крај ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани. Тоа ќе значи долго чекање за оние кои имаат документи со истечен рок и треба да извадат нови.

Спасовски на денешната прес-конференција за проектот Чебрен одговарајќи на новинарски прашања изнесе само штури одговори и рече дека во негово време додека бил на чело на МВР немало проблеми со изработката на патните исправи.

„Кога е последната нарачка не знам. Мислам дека со подоброто менаџирање, функционирање внатре во организацијата, немаше да доведе до ваква криза. Во моментов такви се овластувањата на МВР и не може да се каже дека нема политичка волја за решавање на проблемот. Месец и пол функционира оваа Влада, а информацијата е пред една недела“, вели Спасовски.

Тој додаде дека Чулев е тој кој треба да ја утврди одговорноста и дека тој треба да и објасни на јавноста за новонастанатата криза.

„За функционирањето внатре во министерството е надлежен министерот и има начини како да се утврди одговорност . Јас додека бев министер немаше проблем во издавањето на пасошите и другите лични документи. Ако Чулев има решение нека го соопшти. Јас да веб на тоа место ќе ви одговорев, но сега има друг министер кој треба да ви одговори“, додаде Спасовски.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“