24 Април, 2024
0.0282

Спасовски: Ако се пресмета, изборите треба да се одржат на 5 јули

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Добро е сите да учествуваат во изборниот процес, а политичките партии да го покажат демократскиот капцитет и да понудат опции за граѓаните, рече премиерот Оливер Спасовски по денешната координативна средба  на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ  во Куманово.

„Јас посакувам политичките партии да имаа разбирање и консензус, пред се за почитувањето на Уставот и на законите. Се разговараше, добро е за демократскиот капацитет сите политички партии да учествуваат на изборите, а во оној момент кога не можат да се договорат политичките лидери, одговорноста мора да ја преземат институциите на системот. Ние вчера разговаравме и на Советот за безбедност се донесе одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 14 дена, пред се, заради спроведување на економските мерки, заради можноста да се носат одлуки, уредби со законска сила за имплементација на овие мерки и согласно на тоа, ако се пресмета детално ќе видите дека изборите треба да се одржат на 5 јули, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ ќе излезе на избори без постигнат консензус со ВМРО-ДПМНЕ и како ќе се спроведува кампањата

Тој очекува дека политичките партии ќе бидат на висината на сопствената одговорност и дека ќе го покажат својот демократски капцитет за одржување на овие избори, односно ќе учествуваат на изборите.

„На крајот од краиштата и во нормални услови и во вонредни услови во какви било услови, тој кој што сака да учествува на избори, политичкиот мегдан е тука пред нас. Јас очекувам дека партиите ќе ги вкрстат своите копја и ќе разговараме на ниво на концепции, на ниво на визии за граѓаните и на основа на тоа ќе ги повикаме граѓаните да носат одлука, рече Спасовски.

Што се однесува до кампањата, додаде Спасовски, ќе се користат социјалните мрежи, медиумска кампања, преку личен пристап, ќе се разговара со граѓаните за сите прашања од нивен интерес, ќе се презентира и понуди програмата, платформата и визијата на СДСМ за тоа што ќе се направи во идниот период и ќе се побара поддршката од граѓаните


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи