29 Март, 2024
0.0242

СОВЕТИ ОД ИСКУСНИТЕ: Како да се „испазарите“ за поголема плата

Објавено во: Финансии 10 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Кои се тактиките кои секој може да ги примени во преговорите за плата? – ова прашање беше поставено на сајтот Quora, кој на корисниците им служи како форум за поставување прашања, а познавачите/професионалците кои имаат увид во проблемите и решенијата даваат одговори.

Одговорот на ова прашање го има одговорено Крис Вос (Chris Voss), автор на книгата ,,Never Split the Diffеrence”, бивш преговарач на FBI и директор на ,,Black Swan Group”.

Еве како одговара тој:

,,Општи места” односно одредени фрази можат многу да послужат. Користете ,,Се чини дека... ”, ,,Звучи како... ”, ,,Делува...”, итн. Важно е да не застанете на некоја своја фраза така што нема да биде проследена со прашање или некој вид објаснување.

Кога користите фрази, можете да соберете повеќе информации и да се обидете со некои свои предлози, а да не турнете некого во ќош. Вие не барате само одговор ,,Да” или ,,Не”, туку отворате разговор и дискусија на многу суптилен начин, ,,копате подлабоко”,  а притоа ги штитите своите интереси.

Преговорите околу платата се особено важни бидејќи луѓето не само што ве тестираат како ,,работник” туку и како амбасадор, како претставник на својата работа кој умее да ги покаже своите дипломатски вештини.

Платата е важна, но исто така и вашата кариера. Затоа фразите кои можете да ги примените се:

,,Се чини дека постои и некоја поширока слика за мојата позиција”,

,,Делува како компанијата да има визија за иднината во којасе вклопувам”,

,,Се чини дека мојата позиција одговара на пошироките потреби на компанијата”.

Овие фрази можат да бидат искажани како тврдење, изјава, наспроти тоа да ги поставите како прашање. Ако ги кажете како забелешка, вашите надредени тоа го ценат, затоа што сакаат некој кој сфаќа како функционираат работите внатре во фирмата. На тој начин ја покажувате вашата стручност.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка