Состанок на кризниот штаб: Големиот пожар кај Опеница ќе се гаси и со авиони
Објавено во: Македонија 25 Август, 2019
За големиот шумски пожар кој зафати борова и ниско стеблести шума меѓу селата Опеница и Вапила се состана Кризниот штаб.
На состанокт беа утврдени понатамошните чекори и мерки за да се совлада огнената стихија.
Огнот кој избувна вчера попладне, го гаснат екипи на противпожарната бригада од Охрид, Шумското стопанство, но исто така и авиони за гаснењепожар од Дирекцијата за заштита и сапсување.
Поради непристапноста на теренот и топлото време гаснењето на пожарот се одвива во сложени околности.