Соседи пријавиле жител на Пожега затоа што ја истакнал тробојката на поранешната СФРЈ
Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2022
Поради развеана тробојка на поранешна СФРЈ на својата куќа сопственикот добил прекршочна пријава.
Станува збор за човек од месноста Јакшиќ во близина на хрватскиот град Пожега. Соседите го пријавиле во полициска станица поради истакнувањето на знамето од поранешната СФРЈ на својата куќа. Полицијата соопшти дека со оваа своја постапка 47-годишниот маж ги навредил моралните чувства на граѓаните. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава во согласност со Законот за нарушување на јавниот ред и мир, пренесуваа медиумите во Хрватска. 29 ноември се празнуваше како Ден на Републиката, кога во 1943 година во Јајце, БиХ на Второто заседание на АВНОЈ се удрени темелите на Втората Југославија (СФРЈ). Вчера многу граѓани се присетија на овој важен датум.
На овој ден се пееја пофални песни за Тито, се одржуваа приредби во културните домови, а учениците од прва класа станаа пионери. Последната генерација пионери е родена во 1982 година.