19 Април, 2024
0.0275

СОНК децидно против формирање нов синдикат во високото образование, стравува дека така ќе извисат за повисоките плати

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

СОНК денеска на прес конференција алармираше дека според нивни сознанија, постои Иницијатива на ректорите на универзитите - за формирање на нов синдикат на вработените во универзитетите во земјава. 

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, вели дека оваа иницијатива е скандалозна и спротивна на Законот за работни односи, каде не се дозволува мешање на работодавачите во однос на организирање и дејствување на синдикатите. Тоа е забрането и со меѓународните конвенции.

Тој стравува дека на овој начин се прават манипулации за овие вработени да не го добијат ветеното зголемување на платите од 10 отсто.

„Од медиуми и од нашите колеги дознавме дека потребата за формирање на овој синдикат, наводно била за да може да се земе зголемувањето на платите од 10 отсто во високото образование, тоа што СОНК со макотрпни напори и преговори со МОН го договори минатата година. Јавно и јасно да кажам дека оваа теза за формирање нов синдикат кој ќе биде репрезентативен во дејноста високо образование е ноторна лага, бидејќи репрезентативен синдикат за дејноста образование, единствено е СОНК“, нагласи Неделков.  

Да се прави ваков синдикат, тврди Неделков, е спротивно на законот и процедурите.

Тој го покажа и решението за репрезентативност, кое лани е потпишано од министерката Мила Царовска, кое, вели, им дава полно право како репрезентативен синдикат да преговараат. 

„На кого ова му пречи, не е јасно, не сакаме да шпекулираме, но можни се неколку опции. Можно е да се остава простор синдикатите да се занимаваат сами со себе во овој одреден временски период. Тоа значи дека можеби ќе помине време до распишување на избори, кога по основ на закон не ќе можеме да потпишеме колективен договор на ниво на работодавец или на ниво на дејност. Тоа би значело дека автоматски државата, бидејќи нема колективен договор, не би можела да исплати 10 отсто зголемување на платите во високото образование. Не би сакал да поверувам во вакво сценарио, но сите наши анализи водат до тоа. Дали потоа СОНК ќе биде виновен за тоа“, праша Неделков.  

СОНК јавно ги повика ректорите да прекинат со процедурите за формирање на синдикални организации при универзитетите. 

„Со самото нивно мешање во организирање и формирање на синдикати прават кривично дело за кое постои голема веројатност да одговараат за тоа, дали тие или овластени од нив, деканите или генералните секретари“, рече Неделков.  

Тој порача до ректорите да го повикаат СОНК како единствен репрезентативен синдикат, да потпишат колективниот договор за високо образование на градско ниво. Ако за ова е прекратно времето, ректорите да го повикаат СОНК да потпише колективен договор на ниво на работодавец, значи со ректорите. 

„За да не биде ако не се потпише, да нема зголемување на платите за 10 проценти“, рече Неделков.

Нагласи дека не сакаат да останат со кратки ракави за тоа што е договорено. 

„Не сакаме да помислиме дека во буџетот нема средства за зголемување плати во високото образование“, нагласи претседателот на СОНК.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?