19 Април, 2024
0.0278

Соња ве води во Дубаи: Едно ноќевање во единствениот хотел со 7 звезди во светот чини и по 24.000 долари

Објавено во: Стил 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Како дипломиран географ патувањата и се најомилени. Речиси секогаш ги бележи правејќи албуми на нејзиниот фб профил. Вели дека сеќавањата бледеат, но пишаниот збор останува. Соња Симоноска, дипломиран географ, подолго време има идеја своите патувања да ги пренесе и да почне со сопствен блог. Прошетала многу земји, видела многу градови. Најмногу го обожава Дубаи, поточно вљубена е во овој град.

За нашиот портал, го пренесе своето искуство и импресиите.

Со самото пристигнување и првиот чекор надвор од аеродромот, топлиот воздух, палмите, светлата на градот, волшебната месечина која овде има посебен сјај и дава чувство дека во секој момент може да ја дофатите ме прави среќна, се чувствувам  слободно, среќно, полетно.

Сместен во средишниот дел на Арапската Пустина, Дубаи е град, но воедно е и еден од седумте емирати во Обединетите Арапски Емирати. На чело на Дубаи е шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој има најголемата заслуга за просперитетот на овој град и затоа денес важи за најмодерен и најмонденски емират. Тоа е воедно единствениот емират во кој можете да го почувствувате европскиот дух и начин на живот, што не е случај во преостанатите емирати.

Дубаи денес една од најпосакуваната туристичка дестинација но и место за професионален развој и живот. Дубаи има богата историја, традиција и своја култура. Во палатата на шеиците на семејството Ал Мактум во стариот дел на градот е сместен музеј кој покажува како Дубаи почнува да расте и да се развива, од мало рибарско село во кое населението било сиромашно и се занимава со риболов и експлоатација на дијаманти од морското дно. Тоа е стариот дел на Дубаи во кој се наоѓаат повеќе банки и осигурителни компании. Овде се чувствува арапската традиција. Во овој дел на градот поморскиот сообраќај сеуште се одвива со помош на мали традиционални дрвени чамци, познати под името Абра. Пловејќи со нив го гледате вистинското лице на Дубаи , ориенталниот дух, и ја чувствувате јасната топла арапска ноќ. Ова е место кое задолжително треба да се посети бидејќи Дубаи не е само високи облакодери, монденски сјај . Сепак се наоѓате длабоко во арапскиот свет.

Повеќе детали на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре