Солза Грчева: Macedonia is GReat е добар повод да се запали договорот
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2019
Macedonia is GReat е добар повод да се запали договорот, порача претседателката на партијата „Глас за Македонија, Солза Грчева. Таа на својот Фејсбук профил ја коментираше големата кампања на грчката влада за промоција на брендот „Македонија“.
Деновиве во Солун, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја промовираше оваа кампања.
Министерството за надворешни работи не било информирано за грчката намера за изготвување или за промовирањето на маркетиншкиот слоган Macedonia the Great завчера во Солун и дека ја подрива меѓусебната доверба.