24 Април, 2024
0.0304

Социјализација, физички активности и медицински услуги, „Феникс“ организира дневен престој за повозрасните

Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Сите повозрасни лица кои имаат потреба од дневен престој или пак потреба од
социјализација, дружење, исполнет ден, психотерапија, на оние кои им фалат
физички активности, медицински потреби, како и транспорт од дома до домот и
нивно враќање, сега можат да ја користат и оваа нова услуга на врвниот
персонал на „Феникс“. Овој модел можат да го користат и изнемоштени лица,
кои не можат самите да се грижат за себе во текот на денот, здрави лица кои
им е потребно денот да им биде квалитетно исполнет и исто така и лицата кои
имаат деменција, за кои семејството не е во можност да биде постојано
присутно, вели Андреј Колев од „Феникс“.


- Секогаш сме се труделе да правиме нови работи, да бидеме креативни, и да
им дадеме што е можно повеќе опции на луѓето. Сега сме ланец, голем тим и
можеме да го понудиме овој тип на згрижување со врвен квалитет. Овој модел
на згрижување е исто така и добар показател за луѓето кои имаат предрасуди
кон домовите за стари лица, да дојдат, да видат како изгледа еден ден во
„Феникс“, да почувствуваат дека ова не е казна, туку напротив, олеснување и
да имаат претстава за понатаму дека можат да си бидат згрижени и на месечно
годишно па и доживотно, вели тој.


Оваа услуга во „Феникс“ чини 1.200 денари од ден и вклучува оброци,
физикална терапија, психотерапија, медицинска поддршка, асистирано живеење,
социјални активности, прошетки итн. Транспортните услуги се плаќаат
дополнително, односно од дома до домот и нивно враќање, а корисниците може
да доаѓаат кога сакаат и колку сакаат во текот на неделата, но со закажан
термин.


- Во најголем процент семејствата се тие кои бараат помош од домот за
сместување на своите родители или пак роднини, но во изминатите години
расте и бројката на стари лица кои сами се приклучуваат и ги разбираат
бенефитите од ваквото домување. Бидејќи сме ланец, поголема е предноста
токму поради четирите локациски на кои сме распространети на сите делови од
градот, така што тоа уште повеќе им олеснува на луѓето бидејќи можат да
изберат локациски како најдобро им одговара за нивните потреби, додава
Колев.


Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот
старски дом е основан во 2002 година. Денеска Феникс располага со три
старски дома „Феникс Геромедикал”, „Феникс Премиум” и „Феникс Фемили”, а
наскоро се отвора четвртиот под името „Феникс Гарден“ во населбата Црниче.


Како изгледа еден ден во „Феникс“:
https://www.youtube.com/watch?v=-AN4CKUGeT8

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!