24 Април, 2024
0.0276

Собраниската блокада го враќа стариот проблем со можни злоупотреби на екстра-лесното гориво

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Бензините и дизелот од денеска поевтинуваат за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, појаснувајќи дека одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од денеска во сила стапува Законот за акцизи.

Освен што од денеска ќе полниме поевтини гориво, по седум месеци изедначена цена денеска екстра-лесното гориво повторно поевтинува за 12 денари од дизелот и тоа во средина на грејната сезона.

Од причина што Уредбата за одредување на скалеста акциза престанува со важност од денеска, а измените на Законот со кои тоа требаше да се спроведе, се уште не се изгласани во Собранието, поради отсуство на кворум, повторно се отвара можност за злоупотреба на екстра лесното гориво.

Нелегалното користење на екстралесното гориво во транспортот предизвикува буџетот на државата да губи по 12 денари од литар, а ефектите врз екологијата и здравјето на граѓаните се застрашувачки.

За овие злоупотреби Министерството за финансии лани изработи и Анализа, според која „изедначувањето на малопродажните цени на екстралесното и дизелот ќе резултира со губење на економскиот мотив за злоупотреби“, но немањето одлука во парламентот отвара сомнеж дека некои политичари во нашата земја даваат поддршка на ваквите злоупотреби.

Неможноста на партиите да постигнат кворум во Собранието, најпрво ќе го плаќа животната средина, а потоа и бизнисите и граѓаните кои повторно нема да бидат сигурни во квалитетот на горивата.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?