Соби-карантин ќе има за заразените во Грција
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Јуни, 2020
Соби-карантин ќе има за позитивните на коронавирусот во хотелите и туристичките објекти во Грција.
За оние за кои не е потребно болничко лекување, во хотелите и туристичките објекти во потребно е да постојат соби- карантин, согласно новата министерска одлука на министрите за финансии, за здравство и за туризам.
Ако има до десет соби, потребно е да постои една соба- карантин, доколку објектот е со капацитет до 50 соби, за карантин треба да има две, а во случај за поголем хотел со над 50 соби, тогаш три отсто од нив ќе бидат пренамените за соби за изолација на гостите, во случај да се појави позитивно лице на Ковид-19.
Се работи за привремено решение додека да се одредат хотели- карантин во сите периферии и на сите острови во земјата.