СО ТРАНСПАРЕНТ ГО ДОЧЕКАА ЈОВЕСКИ: Прашаа до кога ќе го крие писмото од Јанева
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020
Од ВМРО-ДПМНЕ со транспарент за екс обвинителката Катица Јанева oд СЈО го дочекаа државниот обвинител Љубомир Јовески.
Ова се случи на јавната расправа по повод новата верзија на Законот за јавно обвинителство.
„Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба“, пишуваше на транспрентот.
Јовески кажа дека предлогот на власта е добар и ги повикува пратениците да гласаат за него.
Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски побара пауза, а за провокацијата го прозва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Јовески изјави дека не му пречи и дека може да продолжи да зборува, по што паролата беше тргната.
На Јанева и се суди за „Рекет“, а европските политичари апелираат да се донесе Законот за јавно обвинителство.
Претходно, на 24 јануари, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата затоа што бараа да присуствува и Јовески.
Многу контроверзии имаше за писмото кое Јанева го испрати до Јовески, со цел да ги преземат истрагите откако таа беше уапсена и заврши во затворот во Шутка. Се отворија дилеми дали писмото било рачно напишано или на компјутер, по што имаше многу партиски преписки. Јанева сега е во куќен притвор.
фото Локално.мк