Со преживеан инфаркт и вграден стент секој ден оди по риба: Мирјана од Дојран му пркоси на животот
Објавено во: Стил 29 Ноември, 2019
Да ме остават, овде и ќе спијам, вели Мирјана Узунова, една од ретките жени со трска што ќе ги сретнете на езерското крајбрежје во Стар Дојран. Ете толку е голем меракот за рибарење кај оваа 72-годишна госпоѓа која по многу нешта му пркоси на животот.
Родена е во Банат, Србија, а по потекло е Украинка. Имала пет години кога се преселила во Македонија.
- Работниот век го поминав како хигиеничарка. Сега имам „мирни“ пензионерски денови - на шега го почна муабетот Узунова.
Повеќе од разговорот на Женски Магазин