29 Март, 2024
0.0262

Со новата методологија до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години, анализа Милошоски

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски  со новата методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години. Тој на Фејсбук го коментира таканаречениот нон-пејпер изготвен од Франција. 

„Новата методологија за проширување на ЕУ, предложена од Франција, предвидува парцијално членство и 7 етапи при зачленувањето на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ. Зачленувањето е предвидено како строг, постепено и спор процес, но со поконкретна поддршка во текот на целиот процес, преку делумен пристап до инструментите од заедничките ЕУ-проекти, а можен би бил и пристап до помал процент од структурните фондови. Етапите на постепеното зачленување се замислени како школски систем, односно не можете да учествувате во политиките на ЕУ од петата етапа, доколку не ги исполните одредниците за влез и учество во четвртата етапа, претходно третата етапа итн. Човековите права и слободи, владеењето на правото и правосудството остануваат темелни основи на процесот? чие исполнување е услов без кој не се може. Постепеното зачленување во ЕУ се предлага да биде повратен/реверзибилен процес кој ќе може, заради можно наведување во стандардите, да биде суспендиран, да бидат ускратени одредени фондови или да биде вратен на#самиот почеток. Полноправното членство останува опција и крајна цел, но со оваа методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години“, пишува Милошоски.


Франција до земјите членки на Европската Унија пратила така наречен нон-пејпер во кој бара обновен пристап во процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. 

Францускиот претседател Емануел Макрон на македонскиот претседател Стево Пендаровски на средбата во Париз му рекол дека немал намера да нуди друга алтернатива за нас, освен членство во ЕУ. Сепак, неизвесно е дали на самитот во Загреб ќе има датум за Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата