24 Април, 2024
0.0278

Со какви бизнис партнери соработувате: Македонско кредитно биро располага со сите податоци

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Дали Вашата компанија се соочува со проблеми при наплата на побарувањата? Размислувате да склучите договор за соработка со меѓународни клиенти за кои немате никави бонитетни информации? Се прашувате како да го заштите Вашиот бизнис од деловен неуспех?

Одговорот за деловната подобност на Вашата компанија, Вашата конкуренција и Вашите соработници е содржан во извештаите на Македонско кредитно биро!

Здравствената, а пред сè и економската криза ја продлабочија неизвесноста во бизнис окружувањето. Во време кога сè поголем број компании имаат проблем со ликвидноста, а оттука и проблеми со подмирувањето на обврските и наплатата на побарувањата, ризикот од прелевање на проблемите од една кон друга компанија стана поизразен.

Во вакви услови, кога ризикот од деловен неуспех е сè поизразен, покажете доверба во тимот на МКБ и вашите идни одлуки градете ги врз основа на точни и навремени информации! Добијте брз и точен увид за статусот на Вашите обврски и обврските на Вашите соработници и подмирувањето на истите, носете сигурни деловни одуки и заштитете ја Вашата компанија од ризично работење.

Македонското кредитно биро управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на сите правни и физички лица, со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на истите. МКБ располага со најголемата база на податоци која се ажурира на дневна и месечна основа и нуди единствени можности за заштита од ризично работење, преку успешно управување и донесување на сигурни деловни одлуки. Преку Сопствениот извештај на МКБ ќе добиете детален увид за статусот на обврските, историјата на доцнење на обврските како и податоци за блокада на трансакциска сметка на Вашата компанија и заштитете ја истата од дополнителни трошоци. Преку т.н Корпоративен-бонитетен извештај ќе добиете комплетна слика за бонитетот на компанијата преку следниве податоци: индикатор за деловната подобност на правното лице; задолженост и редовност во подмирување на обврските; блокада на трансакциска сметка во реално време; тековна состојба на правниот субјект и клучни финансиски показатели за приходите, расходите и финансискиот резултат од работењето за последователни три години. На тој начин, ќе го намалите  ризикот во деловното работење со Вашите сегашни и идни деловни партнери. Меѓународниот извештај на МКБ, кој се добива врз основа на соработката за размена на податоци со Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A,  им овозможува на македонските компании да добијат бонитетни информации за било кој правен субјект ширум светот.

Бидете пред другите секогаш чекор понапред. Бидете во тек, менаџирајте успешно!


Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка