16 Април, 2024
0.0331

Со фалсификувано свидетелство ресенчанец се вработил како полицаец

Објавено во: Македонија 25 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Ресенчанец во периодот од 17 јуни 2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во средното училиште ЦСБО„Здравко Чочковски“ во Дебар, поради тоа, се здоби со кривична пријава од СВР Охрид

Секторот за внатерешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш. (38) од село Асамати, Ресенско, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од кривичниот законик.

Пријавениот набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование во која биле внесени лажни податоци за број од главна книга, печат на дипломата, лажен потпис од директорот и лажни податоци за положени предмети и постигнат успех. Исто така, пријавениот набавил четири лажни свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година средно образование со невистинити податоци за ученик, клас, издавач на сведителства и оценки за положени предмети во тие учебни години.

Лажната диплома, пријавениот ја употребил и приложил како доказ за завршено средно образование на објавениот конкурс во МВР во 2002 година за вработување на полициски службеници, каде бил примен на работа како полицаец и работел најпрво во полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен, а  неколку години подоцна и во полициската станица за граничен премин Стење при Регионалниот центар за гранични работи Запад.

А.Ш., лажната диплома за завршено средно образование повторно ја употребил при упис на Технички факултет во Битола, а во 2012 година и по трет пат при упис на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје, каде дипломирал во 2014 година. Врз основа на таа диплома тој се здобил со повисока позиција – инспектор - раководител на смена во полициската станица за граничен премин Стење.

На овој начин пријавениот остварил материјална корист од месечни примања – плата од МВР во период од над 16 години. 


Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта