18 Април, 2024
0.0299

Со Буџетот не поткупуваме, туку вложуваме во народот, тврди Заев

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на платите и пензиите не е предизборен поткуп, туку инвестиција во човечки капитал, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по усвојувањето на Буџетот за идната година на седница на Влада. 

Досега две и пол  години носевме тешки политики. Сега приходите растат повеќе за над 7 отсто. Расте индустријата, расте градежништвото, тоа говори за исправност на вкупните политики што ги водиме. Доаѓа време кога ефектите од овие политики треба да бидат дистрибуирани до сите граѓани. Просечната плата во државата никогаш не растела вака, зголемена е за 2.290 денари порасна. Порасна минималната плата на 14.500 денари. Кога растат сите плати, не е логично и не е одговорно ако тоа не го следи и растот на пензиите. Сега е стабилизиран Пензискиот фонд и може да се дозволи номинално покачување од 750 денари, а некои пензии ќе стигнат и до 900 денари. Нашиот став беше да одиме на редовни избори, и јас бев оптимист дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, но тоа не се случи. Што значи, сето ова е резултат на чесни и на храбри политики, му даваат на нашиот народ заслужено право да ги почуствува бенефитите од таквите политики“, рече премиерот Заев.

Идната година пензионерите ќе добијат зголемување на пензиите од 700 до 730 денари за секој пензионер, плус над 120 денари за индексација на трошоците. Или, на пензионерските сметки ќе легнуваат повисоки плати од 850 до 900 денари.

Според премиерот, минатата година Фондот за пензиско беше стабилизиран, со мерката за зголемување на придонесите за 0,4 отсто. Исто така, се зголемија платите во земјава, а се зголеми и вработеноста. Сето ова дозволи годинава да се обезбеди вакво зголемување на пензиите. 

За да се обезбеди исплата на пензиите, идната година во Фондот за ПИОМ ќе треба да се издвојат 496 милиони евра, што е повеќе од 2018 година, кога се префрлиле 478 милиони евра. 

Но, како што објасни премиерот, од овие 496 милиони евра, 315 милиони евра кои ќе одат од Буџетот во Пензискиот фонд, но плус мора да се исплатат и 133 милиони евра кои се транзициски трошоци, како и околу 50 милиони евра кои се законски обврски, кои датираат од периодот кога претходната власт ги ослободи од плаќање придонеси компшаниите во технолошко-индустриските зони. 

Министерката Нина Ангеловска објасни дека приходите на ПИОМ се зголемени за 10 отсто, поради намалување на невработеноста и зголемувањето на платите. 

„Затоа порастот а пензиите го следи растот на платите и на економијата. Дел од парите Владата ќе даде во ПИОМ, тоа е 19,3 милијарди денари или 315 милиони евра, а во 2018 таа сума била поголема, 19,5 милијарди денари или 317 милиони евра. Значи, дефицитот кон ПИОМ е понизок од 2018“, вели првата финансиерка.

Се зголемуваат и платите за 25 отсто на лекарите специјалисти, 15 отсто за оние од општа пракса и 10 отсто за медицинските сестри. Специјалистите на повисоки нивоа ќе достигнат 100.000 денари плата, а на пониски нивоа до 90 илјади денари. Платите во образованието од јануари ќе се зголемат за 10 отсто, за што се одвоени 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието.

Од Владата велат дека јавниот долг на земјата е стабилизиран, но не може да очекуваме дека тој ќе се намалува идната година, туку мора благо да се зголеми. 

„Долгот ќе има благ раст. Не можеме да очекуваме да нема благ раст на долгот, а сакаме капитални инвестиции и сакаме да вратиме стари долгови. И не можеме да очекуваме  наеднаш да се намалува, туку да се стабилизира“, вели министерката Ангеловска.

Според премиерот Заев, и не треба да го намалуваме јавниот долг.

„Ако се намалува долгот, тоа ќе биде неуспешност за капиталните инвестиции. Јас би го зголемил и на 65 отсто од БДП за идната година, ако знам дека идната година ведднаш ќе можат вгодина да се реализираат сите капитални проекти“, објасни премиерот.

Тој тврди дека се што државата ќе земе како кредит, ќе биде за враќање на стари долгови и за покривање на буџетскиот дефицит. 

„Тука се автопатот Кичево-Охрид, Железницата - трета фаза кон бугарска граница, гасификацијата која продолжува со максимално темпо, како и капиталните инвестиции во болниците. Идната година Скопје почнува со трамвај, тој ќе чини од 90 до 100 милиони евра, но секако нема сите средства да се повлечат идната година, туку еден дел. Издвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството, во 2020 ќе почне изградбата Клинички центар, и предвидени се првите пари во овој буџет. А и средства ќе има за болниците низ градовите. Нема да има ни денар задолжување за пензии, плати на јавна администрација и социјални издатоци, тоа го обезбедуваме од парите на граѓаните, а задолжувањата се за капитални инвестиции. Затоа изразувам благодарност до сите министри за овој за овој спакуван прекрасен буџет“, рече премиерот.

Идната година мора да се вратат 439 милиони евра стари долгови кон странство, и тоа од 2013 од Дојче банка, како и еврообврзницата земена во 2015. 

Државата идната година ќе се задоложи со 558 милиони евра од странство, тоа ќе бидат заеми кои ќе се влечат за капитални проекти. Домашните планирани вкупни задолжувања ќе бидат околу 440 милиони евра, од кои со 256 милиони евра ќе се вршат отплати кон домашните кредитори.   

„Сега имаме најповолни каматни стапки на пазарот, ако можеме да земеме средства со еден отсто камата, дали странски заем, дали еврообврзница, важно е да имаме контрола на јавниот долг и тоа да е наменето за капитални инвестиции“, вели Ангеловска. 

Инаку, капиталните инвестиции за идната година се планирани на пониско ниво од годинава. Тие ќе изнесуваат 374 милиони евра. Според министерката, тоа е реалистично проектирање, при што се земени предвид досегашната реализација и капацитетите на буџетските корисници. 

„Неодамна излеговме со нова алатка со која ќе ги следиме капиталните инвестиции, а јавноста да биде коректор и да врши притисок на буџетеските корисници“, нагласи министерката. 

Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра, колку што ќе тежат буџетските расходи, а приходите се на ниво од 3,6 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,3 отсто од БДП.

Нина Нинеска-Фиданоска


Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто