29 Јануари, 2020
0.0177

Со буџет од дваесет милиони денари Владата ќе праќа работници со ниски примања на одмор

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2019

Министерството за економија и годинава ќе носи работници со ниски примања на годишен одмор. 

Доколку во едно семејство нето платата не надминува месечно 22.000 денари, може да конкурира за организиран одмор, односно за субвенциониран одмор од Владата со 15.000 денари. За ова денеска информираше министерот Бектеши кој каже дека од буџетот за оваа мерка се издвоени 20 000 000денари

„Сите вработени кои ги исполнуваат условите месечните примања во семејството да не надминуваат нето приход од вкупно 22.000 денари, ќе имаат право на субвенции од 15.000 денари. Корисниците на овие ваучери ќе имаат на располагање голем број категоризирани хотели во земјата за сместување кои се претходно пријавени во Министерството за економија и со кои имаме склучено Договор за соработка“, истакна Бектеши.

Повикот е веќе објавен и граѓаните кои ги исполнуваат условите час поскоро да ги подготват документите и да ги пратат во министерството за економија. Повикот ќе биде отворен до 30 Август годинава.

Документите потребни за аплицирање се објавени на веб-страницата на Министерството за економија, како и деталите за потребната документација, а можат да се обезбедат и преку архивата на Министерството.

Минатата година со оваа мерка околу 1700 семејства искористија одмор низ туристичките места во државата. 

Можеби ќе ве интересира

Весковски: Кривична постапка за трговец со филтри за вода

Весковски: Кривична постапка за трговец со филтри за вода

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку пари вртат фирмите што „газат“ во Куманово

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку пари вртат фирмите што „газат“ во Куманово

Кои се најголемите кумановски газди?

Кои се најголемите кумановски газди?

Кои фирми „газат“ во Куманово?

Кои фирми „газат“ во Куманово?

АДСДП ќе му ја продаде на Владата својата зграда за 8,3 милиони евра

АДСДП ќе му ја продаде на Владата својата зграда за 8,3 милиони евра

МОЖЕ ДА ИМАМЕ И ДИЈАМАНТИ: Концесиите за минерални суровини меѓу интересите и желбите

МОЖЕ ДА ИМАМЕ И ДИЈАМАНТИ: Концесиите за минерални суровини меѓу интересите и желбите

ПАРИЧНИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ МАЛКУ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ - но шест пати сме посиромашни од Европејците

ПАРИЧНИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ МАЛКУ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ - но шест пати сме посиромашни од Европејците

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

ЌЕ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: ЕК планира да се „спаси“ од монетите од еден и два евро-цента

ЌЕ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: ЕК планира да се „спаси“ од монетите од еден и два евро-цента