СНИМКА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Страстен македонски навивач во Букурешт лупа на дупнат тапан
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2021
Македонската фудбалска репрезентација започна лошо на Европското првенство.
Македонците го претрпеа вториот пораз во дебитантскиот настап на ЕУРО, но на нивните навивачи не им пречи многу, па и покрај слабиот резултат, тие најдоа начин да се забавуваат, пишува српскиот портал ХотСпорт.рс, пренесувајќи го видеото кое се врти на твитер со еден македонски навивач.
Вистинска забава беше видена на стадионот во Букурешт, а главниот актер на видеото, кој стана хит на Интернет, е обожавател кој бие на тапан.
Страсниот навивач го удираше тапанот со сета своја сила, но овој инструмент не издржа толку силни удари и неизбежно беше да биде дупнат.
Дефект на овој инчен инструмент се случи дури и пред почетокот на натпреварот, бидејќи камерите го снимија овој настан кога тимот влезе на терен.
Погледнете го видеото.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) June 17, 2021