Снајперист требал да го убие Вучиќ, се подготвувал атентат
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2021
Има детали за наводниот атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.
Снајперистот требало да пука со антипанцир куршуми калибар 12,7, а токму такво оружје е пронајдено во куќата на Веља Неволја во Ритопек. Атентаторот бил подготвен и требало да избега со автомобил искористувајќи ја гужвата која би се направила по пукањето. Вучиќ требало да биде убиен на 5 или 6 февруари на кружниот тек Топчидерска ѕвезда во Белград. Ова го потврдила истрагата. Планот бил конвојот автомобили во кој се превезува претседателот да биде пресечен токму на тој кружен тек, а од камион во близината требало да ја подигне церадата и со снајпер „Браунинг“ да пука во возилото на Вучиќ. И пред неколку години се споменуваше дека имало планови за атентат на Вучиќ.