18 Април, 2024
0.0263

СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ СЕ ОБРАТИЈА ДО ВЛАДАТА: Бараат помош

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сметководителите бараат итни мерки со кои надлежните инстуции, МФ и Владата на РСМ, ќе им помогнат за новонастаната алармантна состојба. 

Според Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ, веќе имаат заразени четири лица, сметководители кои се позитивни на Covid -19. Од таму алармираат дека:

„И во време на вонредна состојба во која се наоѓа нашата земја, погодена од заразната епидемија на коронавирусот, сметководителите имаа обрвска и општествена одговорност да ги извршуваат сите свои работни задачи. За жал, во нашата професија, нема исклучителни ситуации. Ризикот во вакви услови е огромен. Бројот на заболените колеги  е силен аларм дека итно треба да се преземат конкретни мерки за вршителите на сметководствената дејност, кои се изложени на силен ризик од зараза додека ја вршат дејноста и се грижат за прибирање на приходите во буџетот на државата.“

Според членовите на Институтот, во Законот за вршење сметководствени работи и Статутот за жал, нема прецизна регулација за работењето во ваква вонредна состојба. Покрај тоа, нагласуваат дека оваа дејност, не е опфатена ни во мерките кои досега се донесени од Владата. Тие веќе реагирале со допис до претставниците на МФ и Владата на РСМ на 23.03.2020, во кој побарале најитно да се разгледаат актуелните состојби во кои се наоѓаат сметководителите и овластените сметководители. Од таму, до денес немаат одговор. Бараат поддршка за Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ, со цел заедно да им се помогне на сите нивни членови.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ  брои 11.014 членови, како и 2.158 субјекти за вршење на сметководствени работи во кои се вработени 3.513 сметководители и овластени сметководители.

Во прилог се одлуката и препораките кои ги испратиле до МФ и Владата на РСМ.

Ве информираме дека Управниот одбор на Институтот  предложи мерки за превенција и заштита на сметководителите  и  нивните клиенти: 

Пристапот во вашите деловни канцаларии, доколку сте во можност остварете го исклучиво преку граничен пулт (шалтерски систем), без дозволен пристап во внатрешноста на деловните простории,

При пристап на граничниот пулт носете заштитни маски и ракавици, задолжително користете ги геловите за дезинфекција на раце и држете растојание минимум 1,5 до 2,00 метри.

Препорачуваме комуникацијата да бидат по електронски пат – користете телефонска и e-mail коресподенција

Пред да доставувате/примате документација задолжително информирајте се за актуелните услови за соработка,

Приватни посети како и посети кои не се од есенцијално значење за работата да не бидат дозволени

Користете ги курирските служби доколку постојат во вашето место на работа

Скратете го работното време 

За доброто на сите, следете ги и почитувајте ги препораките и мерките за заштита на надлежните институции, се вели во соопштението на Институтот.

Можеби ќе ве интересира

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje