16 Април, 2024
0.0270

Случај Топлификација: Има ли причина за молкот на институциите

Објавено во: Економија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber


Молк од повеќето владини и судски институции до кои писмо испратија акционери на Топлификација на крајот на март годинава. Писмото адресирано првенствено до премиерот Зоран Заев, беше испратено и до Вилма Рускоска, Шефот на обвинителството за организиран криминал, но и до Судскиот совет, Специјалното јавно обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата... Од Владата за Фактор велат дека ги разгледуваат писмата, но не дадоа конкретен одговор токму за ова писмо.

„Владата ги разгледува сите писма кои пристигнуваат на нејзина адреса. По разгледувањето, ги информираме сите заинтересирани страни, велат од владината прес служба.

Акционери од Топлификација со отвореното писмо побараа од Заев да се заложи да, како што рекоа, се стави крај на лошата ситуација во друштвото. Му напишаа дека со низа незаконски одлуки и неправилности во кои се вклучени и судовите, нотари и компанијата Битар холдингс и ТЕ-ТО тие се оштетени за над 34 милиони евра.

Акционерите за сите неправилности на кои алудираат, веќе поднесоа и кривични пријави и ги изестија и Управат за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, ОЈО, СЈО и ЈОРМ.

Од Управата за Финансиска полиција за Фактор кратко одговорија дека за тој случај имаат оформен предмет. Велат дека треба да се има трпение бидејќи во многу скоро време ќе излезат со детали.

„Ве известуваме дека во Управата за финансиска полиција е оформен предмет „Топлификација“ и стечајот на ТЕ-ТО и истиот е во завршна фаза од постапката. Согласно Законот за кривична постапка и нашите надлежности не би можеле да ви откриеме повеќе детали во оваа фаза, стои во одговорот од Управата за финансиска полиција.

Фактор се обрати и до Управата за финансиско разузнавање, но до објавата на текстот немавме одговор на прашањата. Не добивме одговор ниту од ЈОРМ.

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека тие уште лани ги известиле акционерите на Топлификација со допис во кој навеле дека во разговорите кои се преслушани, нема такви кои се однесуваат на овој случај.

Инаку во писмото кое беше потпишано од Здружението за заштита на правата на акционерите во Топлификација, имаше и хронологија на настаните поврзани со овие две  фирмии судските одлуки кои се носеле.

„За иронијата да биде уште поголема, со помош на судовите во Скопје, БХЛ (сопственик на БЕГ) предлага стечај на Топлификација АД за т.н. долг од 1 милион евра што Топлификација го има оставено како гаранција во Комерцијална банка АД Скопје за кредит кој го користи ТЕ-ТО АД. Со сите овие постапки, оф-шор компанијата БХЛ, на која на услуга и стојат сите институции на државата, се уништува Топлификација АД Скопје, компанија која постои од 1965 година и повеќе 2.700 македонски фамилии, заклучија акционерите во писмото.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?