19 Април, 2024
0.0321

Словенија не сака влез на Украина во НАТО

Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Словенија има резерви за приемот на Украина во НАТО, поради големите безбедносни ризици што ги носи приклучувањето, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон за новинарите, цитирана од веб-страницата „Словенија тајмс“.

„Ако НАТО одлучи да ја прифати Украина како членка, тоа би можело да биде недвосмислено објавување на почетокот на војната“, рече Фајон вчера на маргините на настанот во словенечкиот град Витане.

Како одговор на прашањето за словенечката поддршка за можна апликација од Украина за влез во НАТО, Фајон рече дека Словенија и помага на Украина во рамките на нејзините можности во форма на хуманитарна помош, развојна помош, како и воена помош, што ќе продолжи да го прави , додека на Украина и треба помош.

Министерката рече дека војната во Украина ескалира поради стравувањата дека Русија може да употреби тактичко нуклеарно оружје, додавајќи дека Словенија најостро ја осуди руската анексија на украинските територии.

Доколку НАТО одлучи да ја разгледа можноста за прифаќање на Украина, тоа би претставувало голем безбедносен ризик, па Фајон рече дека е потребна сериозна дискусија во земјата за тоа „до каде може да оди оваа ситуација“.

Словенија се залага за политика на мир, дијалог и секоја таква одлука води до ескалација која никој не ја сака, рече таа.

На прашањето дали во Словенија има разговори за прашањето за членството на Украина во НАТО, Фајон рече дека Љубљана не се приклучи на изјавата што ја иницираше Полска минатата недела, во која индиректно се изразува поддршка за членството на Украина во НАТО.


Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот