Атрактивни слободни места во две банки - Еве каде да аплицирате
Објавено во: Финансии, Македонија 18 Април, 2018
Одлична шанса да се приклучите кон реномирани финансиски институции и да се надоградувате во вашето знаење и вештини.
Оглас за вработување во Стопанска Банка
Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.
Интерен Ревизор за позицијата Супервизор
За огласот се потребни следниве квалификации:
- Универзитетска диплома во релевантна област (Сметководство и Ревизија, Финансии или еквивалентна област).
- 5 до 7 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна, надворешна ревизија и/или сметководство и финансии.
- Професионална квалификација (или значително комплетирана квалификација) ќе се смета како значајна предност (Овластен ревизор, CIA, ACCA или еквивалентно).
- Познавање и значително искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија и Меѓународните стандарди за финансиско известување, ќе се сметаат како значајна предност.
- Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
- Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно, со органичена супервизија.
- Значајни аналитички и презентациони способности и способност за писмено известување.
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик на human.resources@stb.com.mk
Оглас за вработување во Прокредит Банка
За огласот се потребни следниве квалификации:
• Течно да го познавате англискиот јазик
• Да сакате динамична работа
• Да бидете полни со енергија
• Имате завршено високо образование
Работното искуство не е задолжително.
За подеталн информации и аплицирање погледнете на http://www.procreditbank.com.mk/ .
Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 30 април 2018.